Менувањето денари во девизи е непотребен трошок за граѓаните

Bez autora
Mar 15 2022

Менувачките работи кај банките се одвиваат непречено. Од Македонската банкарска асоцијација информираат дека банките располагаат со доволно девизна готовина и девизи за задоволување на сите потребите на граѓаните.

Притоа, курсевите по кои се спроведуваат трансакциите се транспарентни, јавно објавени на секое менувачко место и се на стабилно ниво.

„Апелираме до граѓаните непотребно да не се изложуваат на трошоци менувајќи ги своите денарски средства во девизи, притоа водени единствено од шпекулациите и лажните вести, присутни во овој период“, порачаа од банкарската асоцијација.

Истовремено, потсетуваат дека банкарскиот систем е високо капитализиран и ликвиден и како и во досегашниот период има потенцијал за справување со шокови и натамошна поддршка на компаниите и граѓаните.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik